Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од Виена: Градиме економија што создава, бараме посилно партнерство со Австрија
    • Прво се заканил по телефон, а потоа ја претепал бившата на паркинг – гостиварчанец заработи кривична
    • Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада
    • Филипче: Власта „шверцерски“ сака да ја промени техничката влада
    • Фрустрации во судницата: Семејствата на жртвите од „Пулс“ разочарани од бавното судење, дел од сведоците не се појавуваат
    • Сообраќајна незгода на патот Струмица-Валандово: Сообраќајот во прекин
    • Тренчевска предупредува: Измените за концесии и минерални суровини по скратена постапка се опасни за здравјето и животната средина
    • Саемот на книгата почнува утре: ЈСП Скопје воведува две специјални автобуски линии за посетителите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Виена: Градиме економија што создава, бараме посилно партнерство со Австрија

    Мицкоски од Виена: Градиме економија што создава, бараме посилно партнерство со Австрија

    22.04.2026 во 15:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Живееме во време на преиспитување, кога сигурноста не се подразбира, а економијата и енергетиката се прашање на опстанок“, порача премиерот Христијан Мицкоски од Виена, каде што оствари низа средби со цел продлабочување на економската соработка. Во своето обраќање, тој упати јасна порака дека Владата е насочена кон создавање економија што произведува вредност, а не само троши.

    Премиерот истакна дека инвестициите се двигател на промените кои носат нова индустрија, знаење и квалитет, при што Австрија ја издвои како еден од најважните партнери во таа визија.

    „Не сакаме само да ја одржуваме соработката. Сакаме да ја подигнеме на повисоко ниво. Новото време бара нова динамика – повеќе инвестиции во производство, енергетика и дигитална трансформација“, потенцираше Мицкоски.

    Осврнувајќи се на европската перспектива, премиерот нагласи дека енергетската транзиција е тест на лидерство, кој за Македонија претставува шанса за економско јакнење. Според него, Европа мора да дејствува одлучно, бидејќи стабилноста на целиот континент зависи од економската сила на сите негови делови.

    „Европа не смее да биде само идеја, Европа мора да биде резултат“, заклучи Мицкоски, порачувајќи дека македонската Влада е подготвена да преземе одговорност и да испорача конкретни резултати во партнерство со европските пријатели.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.