Close Menu
Press24
    Најново

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    10.06.2026 во 11:03

    Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа

    10.06.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев од Будва: Инвестицијата во знаење и компетенции е инвестиција во силни институции

    Минчев од Будва: Инвестицијата во знаење и компетенции е инвестиција во силни институции

    21.04.2026 во 17:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот Горан Минчев се обрати пред високи претставници од Европската Унија и земјите од Западен Балкан на Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлинскиот процес, осврнувајќи се на напредокот и приоритетите во реформата на јавната администрација.

    Во своето излагање, министерот нагласи дека Македонија веќе спроведува суштински и системски промени насочени кон изградба на професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди.

    „Патот кон Европската Унија не се гради само преку усогласување на законите, туку преку институции што функционираат и администрација која испорачува резултати“ истакна министерот.

    Тој потенцираше дека реформите се темелат на зајакнување на лидерството, воспоставување на современа законска рамка и забрзување на дигиталната трансформација, при што беше нагласено донесувањето на новите закони за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за обука и стручно усовршување, како и подготовката на Законот за високи раководители со кој се воспоставува јасен и мерит-базиран систем за избор и оценување на раководниот кадар.

    Посебен акцент беше ставен и на воспоставувањето на Академијата за обука на административните службеници како клучен механизам за континуиран професионален развој и градење на нова генерација јавни службеници.

    „Инвестицијата во знаење и компетенции е инвестиција во силни институции и одржлива европска иднина“ нагласи министерот.

    Во рамки на конференцијата, учесниците усвоија заеднички заклучоци кои ја рефлектираат заедничката визија за иднината на јавната администрација во регионот.

    Беше нагласено дека професионална и ефикасна јавна администрација е клучна за демократско управување и напредок кон ЕУ, при што зајакнувањето на капацитетите, мерит-системот и политичката посветеност се стратешки приоритети. Силното лидерство, управувањето со таленти и добрите работни услови се важни за ефективни институции, додека дигиталната трансформација и агилноста ја подобруваат ефикасноста и транспарентноста.

    Исто така, беше истакната улогата на регионалната мобилност поддржана од РеСПА како алатка за размена на знаења и приближување кон ЕУ практиките.

    Со учеството на оваа конференција, Македонија уште еднаш ја потврди својата јасна определба за продолжување на реформите, зајакнување на институционалните капацитети и забрзување на процесот на пристапување кон Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    10.06.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.