Close Menu
Press24
    Најново

    Советот на јавни обвинители ненадлежен за случајот „Пулс“: Државниот обвинител ќе пресече дали Трајчева ќе го води предметот

    21.04.2026 во 13:39

    Клековски: Во Македонија нема граѓани без здравствено осигурување – еве кој има право на бесплатно

    21.04.2026 во 13:37

    Внимавајте: Дождот предизвика одрони на повеќе патни правци

    21.04.2026 во 13:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Советот на јавни обвинители ненадлежен за случајот „Пулс“: Државниот обвинител ќе пресече дали Трајчева ќе го води предметот
    • Клековски: Во Македонија нема граѓани без здравствено осигурување – еве кој има право на бесплатно
    • Внимавајте: Дождот предизвика одрони на повеќе патни правци
    • Јаневска: Три типа матура годинава – испитите ќе бидат приспособени според изучениот материјал
    • Три хороскопски знаци денеска се под среќна ѕвезда – Месечината им носи успех
    • Државниот просветен инспекторат утврди неправилности: Поништен упис на седум студенти на Филозофскиот факултет
    • „Ај честито, злато си“: Во судница се читаа пораките меѓу Димитровска и ревизорот кој полагаше во нејзино име
    • Трипуновски: Инвестиција од 12 милиони денари во лабораторија за безбедност на храната при Универзитетот во Тетово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Советот на јавни обвинители ненадлежен за случајот „Пулс“: Државниот обвинител ќе пресече дали Трајчева ќе го води предметот

    Советот на јавни обвинители ненадлежен за случајот „Пулс“: Државниот обвинител ќе пресече дали Трајчева ќе го води предметот

    21.04.2026 во 13:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот на јавни обвинители се прогласи за ненадлежен по барањето на Здружението на родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Родителите бараа продолжување на мандатот на обвинителката Ивана Алексова Трајчева во Обвинителството за организиран криминал и враќање на предметите за обвинетите полицајци во нејзини раце.

    На денешната седница, Советот донесе одлука барањето да биде препратено до Државното јавно обвинителство, посочувајќи дека единствен надлежен за распределба на предметите е државниот јавен обвинител, Ненад Савески.

    „Ние го разгледавме тоа нивно барање и донесовме одлука да го испратиме до Јавното обвинителство. Нашата одлука за избор е конечна и извршна и тука не можеме ништо да влијаеме. Тој (државниот обвинител) цени кој јавен обвинител ќе ги работи предметите“, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими.

    Ова значи дека конечната одлука дали Трајчева ќе биде вратена на предметот ќе ја донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески. Тој својата одлука ќе им ја соопшти директно на родителите на загинатите на средба која треба да се одржи во текот на оваа или наредната недела.

    Барањето на родителите беше поднесено непосредно по годишнината од трагедијата. Тие стравуваат дека доделувањето на предметот на нов обвинител, кој ќе мора од почеток да ги проучува обемните докази, ќе доведе до непотребни одложувања и нарушување на континуитетот на судската постапка.

    „Трајчева работеше на случајот подолг период и е запознаена со сите негови аспекти. Во интерес на правдата, континуитетот и ефикасноста, сметаме дека нејзиното отстранување од предметот не е во корист на постапката. Јасно и гласно бараме – обвинителката да биде вратена на случајот“, изјави тогаш Александар Наунов, претседател на здружението на граѓани „16 Март 2025 г. Кочани“.

    Популарно

    Советот на јавни обвинители ненадлежен за случајот „Пулс“: Државниот обвинител ќе пресече дали Трајчева ќе го води предметот

    21.04.2026 во 13:39

    Клековски: Во Македонија нема граѓани без здравствено осигурување – еве кој има право на бесплатно

    21.04.2026 во 13:37

    Внимавајте: Дождот предизвика одрони на повеќе патни правци

    21.04.2026 во 13:24

    Јаневска: Три типа матура годинава – испитите ќе бидат приспособени според изучениот материјал

    21.04.2026 во 13:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.