Close Menu
Press24
    Најново

    Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува

    10.06.2026 во 09:42

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили

    10.06.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги интересира ни народот ни државата туку само пари и моќ
    • ФОТО: Го натоварил автобусот со пури и тргнал на пат – Голема заплена на македонската Царина
    • Скандал во Париз: Суспендирани 52 лица поради сексуално насилство врз деца во воннаставни активности
    • Силно невреме со град и грмотевици и во Србија – Метео предупредување и за Македонија и цел регион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Законот за високо образование оди во владина процедура: Постигнат договор за Хиршовиот индекс

    Законот за високо образование оди во владина процедура: Постигнат договор за Хиршовиот индекс

    21.04.2026 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука (МОН) ги заокружи преговорите за новиот закон за високото образование. Последната средба на оваа тема, министерката Весна Јаневска ја оствари со коалицискиот партнер „Вреди“, со што се отвори патот законот утре да биде проследен во владина процедура.

    Министерката Јаневска информираше дека биле разгледани шест точки, од кои пет биле веќе усогласени во текот на претходните дискусии, додека за последната – Хиршовиот индекс (h-index), било најдено конечно решение. Овој индекс, кој се користи за мерење на продуктивноста и влијанието на научните публикации, предизвика дебата за тоа дали треба да биде примарен критериум за академско напредување.

    „Имавме шест точки кои ги дискутиравме и со сите шест се усогласивме и утре законот оди во владина процедура. Пет од точките и порано беа дискутирани, затоа што ова беше континуиран процес, и тие веќе воопшто не беа спорни. Последната точка за која дискутиравме беше Хиршовиот индекс, за кој, исто така, најдовме решение – тој да не биде основен елеменет како критериум за избор, туку да влезе во додатните елементи во критериум за избор. Во тој случај, кога двајца професори ќе имаат идентични бодови пресуден да биде Хиршовиот индекс. Тоа сега е прифатено“, појасни министерката Јаневска.

    Оваа измена значи дека Хиршовиот индекс нема да биде дефинирачки фактор при избор и напредување, туку ќе послужи како механизам за одлучување во случај на изедначени кандидати.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.