Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова по изборите во Бугарија: Очекувам отворен дијалог со Радев за откочување на евроинтеграциите

    Сиљановска-Давкова по изборите во Бугарија: Очекувам отворен дијалог со Радев за откочување на евроинтеграциите

    20.04.2026 во 15:101 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги оцени изборните резултати во Бугарија како очекувани и најави дека со идниот премиер, кој се очекува да биде Румен Радев, ќе се трага по нови решенија за надминување на билатералниот спор кој ги кочи македонските евроинтеграции.

    Во изјава за медиумите, претседателката потенцираше дека иако со Радев имаат различни ставови, меѓу нив постои взаемна почит и подготвеност за разговор.

    „Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за многу работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение“, рече Сиљановска-Давкова.

    Според неа, актуелниот глобален безбедносен контекст и драматично променетиот меѓународен поредок ја зголемуваат важноста на стабилноста на Балканот. Таа истакна дека Македонија има 100 отсто усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската унија, што е аргумент плус за откочување на процесот.

    „Очекувам да се видиме да разговараме, се разбира, со двете знамиња и да трагаме по ново решение“, заклучи претседателката, изразувајќи надеж дека големото искуство на Радев ќе биде искористено за надминување на предизвиците кои се таложеа изминатиот период.

    Прочитај повеќе

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.