Close Menu
Press24
    Најново

    Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете

    10.06.2026 во 08:38

    Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”

    10.06.2026 во 08:35

    Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми

    10.06.2026 во 08:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете
    • Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”
    • Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми
    • „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп
    • Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова
    • „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода
    • Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илон Маск донатор во Стоби

    Илон Маск донатор во Стоби

    17.04.2026 во 19:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Илон Маск донатор во Археолошкиот локалитет Стоби. Со вкупно 500.000 долари – донаторски пари, се врши конзервација на Теодосијансната палата во Стоби. 100.000 долари од нив доаѓаат од Американскиот институт за римска култура кој се финасира со средства на Илон Маск. Останатите 400.000 се слеваат од Џ.М Каплан фонд чии претставници кажаа дека Стоби е вистинска реткост и во него вреди да се вложува.

    Денеска донаторите извршија увид во тековните активности, а на средбата со министерот за култура и туризам се разговараше за продолжување на соработката и можностите за нови донации.

    Целта е довршување на конзервацијата на Теодосијанската палата и нејзина соодветна туристичка презентација, како и обезбедување средства за заштита на други објекти во рамки на локалитетот.

    Министерството за култура и туризам учествува во финансирањето на Годишната програма за работа на НУ Стоби со вкупна сума од 8.600.000 денари за седум проекти од областа на заштитата на културното наследство, 900.000 денари за четири проекти од областа на музејската дејност и 900.000 денари за набавка на опрема за конзерваторска лабораторија.

    И покрај инвестициите и зголемениот интерес, условите за посетителите на Стоби, особено во летните и пролетните месеци, сè уште претставуваат предизвик. Тешко е да се восхитуваш на археолошки дела на високи температури.

    Отворањето на центарот за посетители се планира во септември оваа година. Целта е да се претстави дел од културното наследство на Стоби кое досега беше невидливо за посетителите, да се привлечат повеќе посетители и да се обезбеди поголема видливост и финансиска поддршка за заштитата на локалитетот.

    Прочитај повеќе

    Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете

    10.06.2026 во 08:38

    Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”

    10.06.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.