Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кривична пријава за в.д. директорката на НП „Галичица“: Дозволила градење во заштитена зона

    Кривична пријава за в.д. директорката на НП „Галичица“: Дозволила градење во заштитена зона

    17.04.2026 во 13:361 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ. (58) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

    Според пријавата, во текот на 2026 година, таа како в.д. директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор овозможила изведување активности на спорна локација. Воедно, склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало соодветна урбанистичка документација, ниту одобрен инфраструктурен проект.

    Дополнително, станува збор за простор кој се наоѓа во заштитен појас од 50 метри, каде што општина Охрид има донесено времен мораториум за било какви градежни активности, согласно планот за управување со светското природно и културно наследство на охридскиот регион.

    Со ваквите дејствија, според надлежните, била нарушена законитоста и овозможено изведување активности спротивни на важечките прописи.

    По целосно документирање на случајот, против пријавената ќе следува понатамошна постапка. 

    Прочитај повеќе

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19

    35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца

    19.09.2026 во 13:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.