Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата на Мицкоски го одолговлекува барањето за екстрадиција на Груевски

    СДСМ: Владата на Мицкоски го одолговлекува барањето за екстрадиција на Груевски

    17.04.2026 во 09:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за правда уште пред неколку дена соопшти дека ќе ги побара сите списи од надлежните судски органи и обвинителства за сите предмети поврзани со Никола Груевски и дека „ќе постапи согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението од СДСМ.

    „До каде е постапката?

    Ги спреми ли владата на Мицкоски документите? Дали е поднесено барање за ектрадиција на Груевски?

    Додека институциите во Македонија „прибираат документи“, други држави веќе делуваат.

    По најавите на Петер Маѓар дека нема повеќе заштита за криминалци во Унгарија, Полска не чекаше туку веднаш реагираше и веќе испрати официјално барање за екстрадиција на свои политичари.

    Само Владата предводена од новиот Ванчо Михјалов во ВМРО, Христијан Мицкоски, сè уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски.

    Ова значи дека му се купува време на Груевски и намерно се одолговлекува.

    Груевски нема да добие азил во Турција, но веќе преговара за други опции, како Русија и Белорусија. Во исто време Сиљановска е во Турција за спас на Мицкоски и Груевски.

    Овие информации отвораат сериозен ризик – Груевски повторно да избега од дофатот на правдата.

    Наместо итна акција, сведоци сме на опасно одолговлекување.

    Очигледно, Мицкоски свесно ја кочи постапката, со цел да избегне политичка одговорност и непријатност, оставајќи простор за ново бегство.

    Министерството за правда, Владата, институции да престанат да калкулираат и да постапат веднаш, да побараат екстрадиција на Никола Груевски за да се соочи со правдата.

    Време е за вистината, време е за правда и одговорност“, се вели во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.