Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО

    09.07.2026 во 20:28

    Премиерот се сретна со шефот на Интерпол: Разговарале за борбата против организираниот криминал

    09.07.2026 во 20:11

    СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот

    09.07.2026 во 20:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
    • Премиерот се сретна со шефот на Интерпол: Разговарале за борбата против организираниот криминал
    • СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот
    • Денес почна исплатата на овие парични средства – проверете дали ви се легнати
    • Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда
    • Најмалку 28 загинати во пожарот во кинеската фабрика за чевли 
    • Директорот на албанската полиција: Функционерите на „Вреди“ беа слободни, придружбата беше проблемот
    • Полицаец од Чашка „пукал од ќеф“ на свадба, па си заработи кривична и суспензија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Засилени антикорупциски мерки и поголема транспарентност во јавните набавки во здравството

    Алиу: Засилени антикорупциски мерки и поголема транспарентност во јавните набавки во здравството

    16.04.2026 во 14:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Транспарентноста и отчетноста претставуваат клучни приоритети во функционирањето на здравствениот систем и континуирано работиме на подобрување на процедурите и зголемување на довербата во здравствениот систем. Согласно извештајот – во здравството уделот на жалбените решенија изнесува 2,43%, што е под вкупниот државен просек од 2,88 отсто. При тоа најголем дел од спорните точки се поврзани со евалуацијата на понудите. Токму затоа Министерството веќе презеде мерки, кои дадоа и први конкретни резултати – за помалку од шест месеци го зголемивме резултатот во системот на интегритет од 34,2% во 2024 на 66,15% во 2025. Во истата насока е и тригодишната набавка на лекови за ретки болести, која носи континуитет за пациентите и подобро планирање за добавувачите. Нашата цел е здравството да не биде само под државниот просек, туку да стане пример за законитост, предвидливост и доверба, истакна министерот Азир Алиу на денешниот настан, организиран од Центарот за граѓански комуникации, посветен на дијалог за зајакнување на антикорупциските мерки во јавните набавки.

    Како дел од реформите, во новиот Закон за лекови се предвидени поефикасни процедури за одобрување и регистрација на лекови, модернизација на системот, скратување на времето за нивна достапност и воспоставување механизми за следење на снабдувањето, со цел спречување евентуален недостиг. Воедно, дигитализацијата останува важен сегмент во зајакнувањето на транспарентноста. Креиран е и нов јавен портал за донации, како и онлајн платформа за анонимно пријавување неправилности и корупција во здравството, што овозможува зголемена доверба на граѓаните и поефикасна заштита на јавниот интерес.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО

    09.07.2026 во 20:28

    Премиерот се сретна со шефот на Интерпол: Разговарале за борбата против организираниот криминал

    09.07.2026 во 20:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.