Македонската сообраќајна полиција, како дел од Европската мрежа ROADPOL, денеска спроведува масовна акциска контрола под името „Speed Marathon“. Од полноќ, па сè до утре во истото време, полициските екипи со засилено присуство ќе ја контролираат брзината на движење на територијата на целата држава.
Целта на овој 24-часовен маратон не е само казнување, туку засилување на превенцијата. Со оглед на тоа што голем дел од локациите се однапред познати, полицијата сака да ги поттикне возачите да ги почитуваат ограничувањата и да ја зголемат свесноста за опасностите од брзото возење.

