На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, шефот на белгиската дипломатија, Максим Прево, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Ова е прва посета на министерот Прево на Република Северна Македонија, што претставува важен сигнал за континуитетот на билатералните односи.
Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри ќе биде ставен на унапредување на политичката и економската соработка, со посебен акцент на евроинтегративниот процес на нашата држава.
„Централни теми на разговорите ќе бидат перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија“, информираат од МНР.

