Close Menu
Press24
    Најново

    Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион

    11.06.2026 во 21:30

    Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта

    11.06.2026 во 21:17

    Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја

    11.06.2026 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
    • Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
    • Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
    • Аларм на Антарктикот: Урнат зимскиот темературен рекорд, наместо снег врне дожд и тече кал
    • Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе
    • Крвава пресметка во кумановско: Татко и малолетник нападнале 25-годишник со нож
    • Американскиот министер за финансии со предупредување: Иран ќе плати за штетите нанесени врз нашите сојузници
    • Папата Лав XIV од Канарските Острови: Човечкото достоинство нема пасош, лидерите да покажат солидарност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

    Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

    13.04.2026 во 10:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник.

    Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верниците ги посетија црквите, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба во домот и на своите најблиски.

    Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени Велигденски јајца.

    Со денешниот Светол понеделник започнува светлата недела. Со оглед на тоа дека Велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови…

    Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба. Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.

    Прочитај повеќе

    Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта

    11.06.2026 во 21:17

    Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја

    11.06.2026 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.