Close Menu
Press24
    Најново

    Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам

    29.05.2026 во 15:49

    Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете

    29.05.2026 во 15:31

    Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29.05.2026 во 15:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам
    • Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете
    • Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии
    • Руте за паднатиот руски дрон во Романија: Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас
    • Мицкоски за предлозите на Мерц за „придружено членство“ во ЕУ: Љубопитни сме за овие концепти и идеи
    • Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола
    • Костадиновски за Нова Македонија: Кога политиката сака послушен суд има проблем со Уставот, а не со судиите
    • Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицајците нашле канистар за гориво и траги од горење: МВР со детали за обидот за предизвикување пожар во Синагогата

    Полицајците нашле канистар за гориво и траги од горење: МВР со детали за обидот за предизвикување пожар во Синагогата

    12.04.2026 во 21:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во СВР Скопје, изутрината во 07.22 часот, Ј.Ј., пријавил дека на ул.„Апостол Гусларот” во двор од верски објект забележал канистар за гориво и траги од горење, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи откако Еврејската заедница во Македонија вечерва извести за обид за опожарување на објект на Заедницата и на синагогата во Скопје.

    – Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – дополнуваат од МВР.

    Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелира до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

    – На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит.  Еврјеската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво.  Ние сме живееле посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието – рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество – се вели во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви.

    Со особена загриженост, стои во известувањето,  констатираме дека во последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток. Таквите тенденции не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе.

    – Обидот за подметнување пожар е алармантна последица токму на таквата атмосфера. Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат. Апелираме до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите. Но уште поважно, апелираме до совеста на општеството – да не дозволиме омразата, стравот и незнаењето да станат погласни од разумот, човечноста и правдата, соопшти Еврејската заедница во Македонија.

    Прочитај повеќе

    Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете

    29.05.2026 во 15:31

    Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола

    29.05.2026 во 13:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.