Малолетник сам се пријавил в полиција, откако повредил друго лице со остар предмет, соопшти МВР.
-На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, Скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари, стои соопштението на Министерството.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

