Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење

    12.04.2026 во 10:08

    Христос воскресе – честит Велигден

    12.04.2026 во 10:06

    Зошто треба да испиете чаша вода веднаш штом ќе се разбудите

    11.04.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење
    • Христос воскресе – честит Велигден
    • Зошто треба да испиете чаша вода веднаш штом ќе се разбудите
    • Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?
    • Тие се круната на празничната трпеза: Но, колку јајца треба да изедеме за Велигден
    • 16-годишник избоде тинејџер
    • Уапсени 12 возачи: Си возеле без дозвола, двајца биле мортус пијани
    • Американците со голем гест за добра волја: САД ги одмрзнуваат иранските средства
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење

    Сиљановска-Давкова: Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење

    12.04.2026 во 10:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

    Во продолжение ги доставуваме упатените честитки.

    Почитуван г.г. Стефан,

    Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, Ви го честитам најголемиот и најсветол христијански празник, Воскресението Христово – Велигден.

    Во овие возвишени и благодатни денови, кога се открива тајната на животот како победа над смртта, а светлината торжествува над темнината, од срце Ви посакувам во Вашите домови да се вселат мирот, љубовта, здравјето и Божјиот дух.

    Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење. Во него е содржана најдлабоката вистина за преобразбата дека преку жртвата, смирението и љубовта, човекот се издигнува и се приближува кон божественото.

    Во време на тешки општествени превирања, големи искушенија и силни и морални предизвици, мораме да истраеме во добродетелите, обединети околу вредностите на човекољубието, солидарноста и заемната почит.

    Да ги отвориме срцата за ближните, да ја засилиме грижата за ранливите и да го разбудиме духот на соборност и заедништво.

    Нека светлината на Христовото воскресение ни подари сила, мудрост и непоколеблива вера во доброто, како вечен принцип на човечката егзистенција.

    Христос воскресе! Навистина воскресе!

    Гордана Сиљановска-Давкова

    Почитуван г. Емил Заев,

    Дозволете ми, Вам и на сите припадници на Евангелско-методистичката црква, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

    Во овие светли и благословени денови, кога се радуваме на победата на животот над смртта и на надежта над стравот, Ви посакувам мир, здравје, љубов и семејна топлина во Вашите домови.

    Велигден е симбол на нов почеток и духовна обнова. Празникот нè потсетува дека и во најтешките моменти постои излез, дека по секоја темнина доаѓа светлина и дека добрината и човечноста секогаш победуваат. Овој празник нè повикува да бидеме подобри, да се разбираме меѓусебно, да си помагаме и да се почитуваме.

    Во време на тешки предизвици, мора да останеме сплотени околу вистинските вредности: мирот, солидарноста и хуманоста.

    Да ги отвориме срцата за ближните, да им даруваме радост на тажните, да шириме позитивна мисла и енергија.

    Нека Велигден го разбуди божественото во секој од нас!

    Христос воскресе! Навистина воскресе!

    Гордана Сиљановска-Давкова

    Популарно

    Сиљановска-Давкова: Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење

    12.04.2026 во 10:08

    Христос воскресе – честит Велигден

    12.04.2026 во 10:06

    Зошто треба да испиете чаша вода веднаш штом ќе се разбудите

    11.04.2026 во 15:49

    Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?

    11.04.2026 во 15:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.