Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хоџа на опозициски прашања во Собранието: Трајни решенија и зелен пресврт во третманот на отпадот, водите и аерозагадувањето

    Хоџа на опозициски прашања во Собранието: Трајни решенија и зелен пресврт во третманот на отпадот, водите и аерозагадувањето

    08.04.2026 во 19:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на опозициски прашања во Собранието на Република Северна Македонија.

    Во одговор на прашање поставено во врска со справувањето со отпадот, министерот Хоџа одговори дека регионалниот систем за управување за отпад е во фокусот на негово работење, каде се работи за една исклучително важна стратегија која конечно го гледа светлото на денот, и која повеќе не е само документ на хартија, туку активно се имплементира на терен. Дивите депонии, слабо функционалните или нефункционални депонии-сите стануваат минато, со еден ваков целосен пресврт во начинот на кој проблемот со отпадот е третиран, а кој во на делот го гледаме со отпочнувањето на инфраструктурата и опремата за трите регионални центри во Русино, Новаци и Свети Николе.

    На прашањето поврзано со аерозагадувањето како еден од најсериозните предизвици, Министерот Хоџа напомена дека фокусот е ставен на индустријата и институциите, бидејќи сметам дека таму одговорноста и примерот треба да се посилни.

    Со новиот Закон за индустриски емисии кој стапува на сила во 2027 година и најавената јавна расправа за новата дозвола на УСЈЕ, се работи на градење на довербата на граѓаните, низ отворен дијалог, со факти и експертска поддршка.
    Кај 21 државен објект веќе е извршена промена кон еколошки начин на загревање. Ова се дел од 70-тина објекти низ државата кои се опфатени со овој проект на Министерството за животна средина. Во однос на мерките за домаќинствата, периодов се случува распределбата на ваучери за инвертери, мерка која ја спроведува Министерство за енергетика, со која 4300 семејства помалку ќе загадуваат, менувајќи го начинот на греење на своите домови.

    Министерот Хоџа одговараше и на прашање поврзано со водите, за што потенцираше дека управувањето со водите не е само техничко, туку стратешко прашање, бидејќи системски се унапредува управувањето со водите преку реформи, инвестиции и усогласување со ЕУ стандарди.

    Министерството за животна средина и просторно планирање ја поставува политиката во секторот-води како еден од клучните столбови на одржливиот развој.

    Во изминатиот период, направени се значајни чекори напред кои ја потврдуваат заложбата за усогласување со европското законодавство и воспоставување современ систем за управување со водите.

    Овие процеси не се декларативни, туку се поддржани со конкретни мерки, инвестиции и партнерства со меѓународни институции, а пристапот е системски и одговорен.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.