Close Menu
Press24
    Најново

    Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот

    03.08.2026 во 10:51

    Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи

    03.08.2026 во 10:46

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена
    • СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел
    • СДСМ: Водата во Гостивар две години не била за пиење
    • СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, народот го третира како „талог“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

    Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

    07.04.2026 во 11:362 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави загрижувачки извештај кој директно посочува дека програмите за рана детекција на малигни заболувања во земјава не ги даваат очекуваните резултати. Ревизијата, која го опфаќа периодот од 2021 до 2024 година, покажува дека опфатот на скринингот е далеку под европските стандарди, што резултира со доцно откривање на болеста кај најголем дел од жените.

    Според податоците од ДЗР, во анализираниот период направени се вкупно 20.946 скрининг-мамографии кај жени на возраст од 40 до 69 години. Што се однесува до ракот на грлото на матката, од 2022 до 2024 година, земени се 130.093 ПАП-тестови од жени на возраст од 21 до 59 години.

    Сепак, овие бројки претставуваат само мал дел од целната популација. Опфатот на скринингот на рак на дојката се движи од мизерни 0,8 до 5,4 отсто, додека кај ракот на грлото на матката тој изнесува од 10,3 до 15,5 отсто.

    „Со постојниот опфат не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста, бидејќи тој е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг“, децидни се ревизорите.

    Најстрашниот податок во извештајот е фактот дека поради неефикасниот скрининг, дури 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста.

    Дополнителен проблем што го нотира ДЗР е неможноста прецизно да се оцени одѕивот на поканетите жени, бидејќи институциите не водат целосна евиденција колку покани биле испратени, а колку жени реално се појавиле на преглед.

    Прочитај повеќе

    Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот

    03.08.2026 во 10:51

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.