Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници

    Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници

    07.04.2026 во 09:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Топ тема“ предупреди на сериозниот ценовен шок и растот на трошоците за живот, обвинувајќи ја Владата дека доцни со навремени и ефикасни мерки за справување со економската криза.

    „Пет земји членки на Европската Унија сакаат да предложат данок на екстрадобивка за енергетските компании. А кај нас, кога зборуваме за основните прехранбени производи, сме шампиони, бидејќи имаме енормно покачување на цените. Имаме зголемување на лебот од 34 на 47,5 денари, зејтинот од 77,5 на 110 денари, јајцата од 220 на 290 денари, лимонот од 99 на 155 денари, а зелката од 19 на 55 денари. Зошто не се замрзнат цените и не се укине ДДВ-то?“, потенцираше Лукаревска.

    Таа нагласи дека наместо да се најдат соодветни решенија и стратегии, има само импровизација.

    „Значи, не се менаџира тој процес соодветно и затоа сега имаме енормно зголемување на цените, особено во пресрет на велигденските празници“, појасни Лукаревска.

    Во однос на мерките, Лукаревска истакна дека Владата реагира задоцнето и без јасна стратегија.

    „Дали се доволни тие мерки? Не. Дали се навремени? Не. Дали даваат одредена предвидливост? Не. Мислам дека се сеќава и јавноста и граѓаните дека СДСМ предложи неколку антикризни мерки кои сега се на дневен ред во Собранието. Значи, имаме три закони кои се на седница во Собранието во среда“, посочи Лукаревска.

    Станува збор за законски решенија за намалување на ДДВ, намалување на акцизите и намалување на патарините, мерки кои директно ќе влијаат врз намалување на трошоците на граѓаните и компаниите.

    „Овие мерки на СДСМ, максимално коректно таргетирани, особено во делот на основните прехранбени производи, ќе ја покажат својата ефективност ако владејачкото мнозинство во вакво тешко време да покаже желба“, рече Лукаревска.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.