Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: За скоро две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ во сите квартали имаше раст на БДП

    Митева: За скоро две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ во сите квартали имаше раст на БДП

    06.04.2026 во 19:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на континуираниот економски раст, како и стабилните политики на Владата, и како истата се справува со кризата поврзана со енергенсите. 

    ,,Веќе одминуваат скоро две години од мандатот, и можам да кажам дека ние сите изминати шест квартали имавме раст на БДП од 3%. Тоа донесе една подруга стабилност на оваа Влада, да може да ги менаџира евентуалните кризи коишто би настанале“, кажа Митева.

    Митева вели дека Владата води долгорочни економски политики со фокус на стабилност за граѓаните.

    ,,Ништо не се случува, преку ноќ, ништо не е случајно во водењето на тие политики. Ние постојано говоревме дека економијата мора да биде прироритет, дека мора да мислиме и на граѓаните и на бизнис секторот да не дозволиме да има големи потреси, така што очекувам дека и во идниот период, доколку состојбата ескалира, доколку навистина станува збор за фактори кои што не зависат од нас, ние сме спремни да реагираме како Влада соодветно и навремено“, истакна Митева и додаде:

    ,,Можеме да посведочиме и на други медиуми ширум регионот коишто ја потенцираат и зборуваат за Македонија како земја којашто во моментов има навистина најниски цени на горивата“.

    Според неа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја прикажува државата во подобро светло, за што вели и дека наместо граѓаните да заминуваат надвор од границите на земјата како за време на владеењето на претходната влада, сега има зголемен прилив.

    ,,Навистина покажавме едно подруго светло, за разлика од она како ние бевме презентирани како држава изминатите  7 години под раководство на СДСМ и ДУИ. Бевме држава која што молеше за помош и на која што секој гледаше со сожалување, имавме редици на колони на возила коишто ги напуштаа границите за да земат нешто од соседна држава, а сега имаме редици на колони коишто доаѓаат. Тоа е клучната разлика, која што ја потврдува тезата дека Владата успеа да остане стабилна во едни вакви состојби“, посочи Митева.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.