Close Menu
Press24
    Најново

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голема акција на царината: Спречено криумчарење лекови за дијабет, забни импланти и 12 тони овошје

    Голема акција на царината: Спречено криумчарење лекови за дијабет, забни импланти и 12 тони овошје

    06.04.2026 во 13:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
    Во продолжение детали за случаите:

    • Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, се пронајдени при контрола на автобус кој е стопиран во внатрешноста на државата од страна на мобилен царински тим и тим од службата за скенирање при Одделението за оперативни работи во рамки на Секторот за контрола и истраги. Станува збор за автобус во сопственост на туристичка агенција од Косово, кој сообраќал на релација Турција – Косово, во кој при детална контрола се пронајдени вкупно 623 вијали Prolutex (за хормонска терапија и за поддршка на бременост), 15 илјади таблети Jardiance (за лекување дијабет), како и 428 парчиња раствори за инјекции што се користат за визуелизација при магнетна резонанца – 61 вијала Clariscan, 355 вијали Gadovist и 12 вијали Genburto. Дел од нив, 428 вијали, се откриени при првична контрола во црна најлонска ќеса скриена позади седиштата, по што автобусот е спроведен до царински терминал за детална контрола, по што во фабричките шуплини на вентилацијата се пронајдени преостанатите 15.623 парчиња лекови. Против двајца осомничени од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, а лековите се трајно одземени.
    • Турски државјанин, преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз. Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.
    • На Меѓународен Аеродром Скопје минатата недела е откриен и обид за криумчарење на 1.463 парчиња пирсинг од титаниум и опрема за тетовирање – 32 парчиња ножици и 70 парчиња игли за тетовирање, кои подлежат на посебни дозволи за увоз од надлежна институција. Сторителот на прекршокот е државјанин на Шпанија, кој патувал со лет Стокхолм – Скопје, со крајна дестинација  Кипар. Непријавената стока е запленета, а против сторителот е поведена прекршочна постапка.
    • Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари. Имено при контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.
    • На Богородица царинските службеници, спречија и обид за криумчарење на златен накит со вредност од 581.900 денари, за којшто сторителот се обидел да избегне плаќање давачки во износ од 207.738 денари. Златниот накит е запленет, а против сторителот на кривичното дело од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.