Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зголемен животниот век на пациентите со рак благодарение на нови лекови и зголемен буџет

    Зголемен животниот век на пациентите со рак благодарение на нови лекови и зголемен буџет

    04.04.2026 во 15:032 Mins Read
    ФОТО: БРАКО
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Животниот век на пациентите со рак на дојка, бели дробови и меланом прогресивно се зголемува, а овие дијагнози полека преминуваат во категоријата на хронични болести. Ова го истакнаа директорите на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Игор Стојковски, и на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната заедничка прес-конференција.

    Според нив, намалената смртност и подолгиот животен век се директен резултат на поквалитетниот третман, иновативните лекови и значително зголемениот буџет за лекување по пациент.

    Д-р Стојковски потенцираше дека иако бројот на новодијагностицирани случаи (инциденца) е релативно стабилен, вкупниот број на живи пациенти (преваленца) кои се лекуваат на Клиниката бележи драстичен скок токму поради продолжениот животен век.

    „За канцер на дојка, до пред четири-пет години на Клиниката имаше околу 5.000 пациенти годишно, а оваа година и лани имаме 7.000. Кај пациенти со канцер на бели дробови имаме 1.200 годишно во 2020 година, а оваа година се околу 1.743. Најдрастично покачување има кај пациентите со меланом – оваа година се 514, а беа околу 200 во 2020“, посочи д-р Стојковски.

    Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, ја објасни директната корелација помеѓу финансиите и квалитетот на живот. Буџетот за Онкологија, кој до 2017 година изнесувал околу 10 милиони евра, за 2026 година е проектиран на 57 милиони евра (раст од 14% во однос на лани).

    „Конкретно, за рак на дојка, во 2020 издвојувањата биле околу 700 евра по пациент, за сега да стигнат до 2.500 евра. Кај ракот на бели дробови… од неколку стотини евра, сега се вложува по 7.600 евра, а речиси 49 проценти од пациентите се вклучени на имунотерапија“, изјави Клековски.

    Клековски најави и вклучување на два нови лека за рак на дојка оваа година, како и нова терапија за канцер на простата. На Клиниката во моментов функционираат три акцелератори, а денеска беше претставен и нов апарат за зрачење на метастази во мозокот, процедура за која пациентите досега мораа да патуваат во странство.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.