Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Владата доцна ги прифаќа мерките на СДСМ

    Филипче: Владата доцна ги прифаќа мерките на СДСМ

    04.04.2026 во 14:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати остри критики кон Владата за начинот на кој се справува со економската криза и ценовните шокови. Тој побара итно прифаќање на пакетот мерки предложени од опозицијата, потенцирајќи дека власта нема право на комоција и доцнење.

    Во своето обраќање, Филипче директно го повика премиерот на одговорност:

    „Апелирам на две работи. Апелирам Владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води Владата, барем малку да се замисли, да помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог мерки, пакет на мерки сега, иако е касно, колку-толку ќе имаат некаков ефект.“

    Според лидерот на СДСМ, доколку овие мерки биле прифатени пред неколку недели, немало да дојде до спиралата на поскапувања и ценовни шокови кај храната и другите продукти кои настанаа како резултат на растот на горивата.

    „Освен ДДВ за храна, за горива, акцизите за горива и преполовување на цените на патарините… Владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта“, порача тој.

    Осврнувајќи се на најавите дека Владата допрва ќе разгледува мерки на седница, Филипче истакна:

    „Нема храброст премиерот да признае дека мерките се добри и требаше уште тогаш кога ги предлагавме да се имплементираат, поради тоа што тогаш тие мерки ќе дадеа вистински ефект. Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат, дека ниту премиерот, ниту било кој во Владата има желба, а јас сум сигурен дека немаат ни капацитет, за да им помогнат на граѓаните.“

    За крај, тој предупреди дека минималното покачување на платите нема да помогне, особено поради прогнозите за времетраењето на кризата.

    „Повторувам, кризата ќе трае. Допрва доаѓаат лошите ефекти од кризата. Експертите предупредуваат и утре да заврши војната, кризата нема да заврши“, заклучи Филипче, порачувајќи ѝ на Владата да престане да се фали со странски граѓани кои точат гориво, туку да почне да работи за својот народ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.