Вчера околу 16:00 часот во ПС Пробиштип од Итната медицинска помош при ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип известиле дека кај нив е пријавено дека во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од с.Добрево, пробиштипско, со прострелна рана.
Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано „Чукар“, атар на с.Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето.
М.Н. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Од лице место е подигната ловечка пушка и патрони. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија
- Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник
- Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
- Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
- Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
- Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
- Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
- Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби

