Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на настанот за воспоставување соработка помеѓу Агенцијата за иновации (ИНОВА) и државните универзитети, истакнувајќи дека поврзувањето на науката со економијата е клучно за развојот на земјата. Мицкоски порача дека секој вложен денар во образованието е влог во силата на татковината.
„Образованието е најмоќното оружје со кое може да се промени светот. Овој меморандум е силна порака дека преку партнерство можеме да создадеме услови за развој на претприемништвото и поддршка на стартапите“, изјави премиерот.
Според него, фокусот на ова партнерство е создавање економија базирана на знаење, што ќе овозможи поефикасен трансфер на технологии и подигнување на конкурентноста на македонските компании на глобалниот пазар.

