Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димиртијевиќ: Тошковски инсталира партиска војска во МВР и удира по џебот на полицајците

    Димиртијевиќ: Тошковски инсталира партиска војска во МВР и удира по џебот на полицајците

    03.04.2026 во 12:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со новиот Закон за внатрешни работи, кој го донесоа и го менуваа неколку пати за само една година, ВМРО-ОКГ и Панче Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција пред Уставниот суд. Димитријевиќ посочи дека новиот Закон за внатрешни работи содржи низа спорни одредби со кои наместо професионализација се создава партизација. 

    „Тошковски прераспоредува полициски службеници „по потреба на службата“, без никакви критериуми и без согласност на вработените. Професионалци со 30 години искуство, кои со децении граделе кариера, преку ноќ се уназадени од раководни позиции до најниски извршители. Кариерниот систем е укинат, се гази правото на работа и слободен избор на вработување загарантирани со Уставот. Се формираат партиски комисии за селекција кои, надвор од очите на јавноста и без вклучување на репрезентативниот синдикат, ќе одлучуваат кој е „подобен“ а кој не“, рече Димиртијевиќ.

    Тој додаде дека покрај ваквата намера за партизација, министерот Тошковски удира и по џебот на полицајците, се укинува загарантираниот додаток за овластување, а  се носат класифицирани листи за тоа кој заслужува додаток на плата.

    „Работното искуство веќе не е дел од основната плата, со што директно се намалува вредноста на сите додатоци како прекувремена и ноќна работа. Го укинува загарантираниот додаток за овластување од 20% и 30%, а наместо тоа, Тошковски носи класифицирани листи за тоа кој заслужува додаток на плата. Значи платата на полицаецот повеќе не зависи од неговиот труд и закон, туку од желбата на Панче Тошковски“, рече Димитријевиќ.

    На прес-конференцијата, Димитријевиќ нагласи дека ова е истиот модел што се спроведуваше во  времето на Сашо Мијалков и Никола Груевски – моделот на МВРО-ВМРО како што го опиша Јанкуловска.

    „Целта е јасна – МВР да се претворат во партиски механизам за пресметка со неподобните и заштита на криминалот и корупцијата на власта“, рече Димитријевиќ, и најави дека СДСМ силно ќе се спротивстави.

    СДСМ денеска поднесе Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој скандалозен Закон за внатрешни работи.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.