Close Menu
Press24
    Најново

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јовевски: Македонија стана лидер во регионот, платите во јавниот сектор ќе пораснат за над 40 проценти

    Јовевски: Македонија стана лидер во регионот, платите во јавниот сектор ќе пораснат за над 40 проценти

    03.04.2026 во 10:471 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпишувањето на 60 поединечни колективни договори со институциите од јавниот сектор претставува историски момент кој досега не се случил од осамостојувањето на државата, смета професорот по трудово право Лазар Јовевски. Тој во гостување на ТВ „Њузмакс“ истакна дека со овој процес се создава лепеза на подобрени права, чија круна е најавеното покачување на платите од 42 до 43 проценти во период од две години.

    Според пресметките на професорот, покачувањето е системско и врзано со основицата и растот на минималната плата. „Оваа година веќе имаме речиси 14 проценти зголемување на основната плата. Тоа не се само седум проценти, туку двојно повеќе ако се земе предвид и растот на минималната плата“, појаснува Јовевски. Тој додава дека овој тренд ќе продолжи и во 2027 и 2028 година, со што Македонија се позиционира како лидер во колективното преговарање во регионот.

    Јовевски нагласува дека специфичноста на овие договори е нивната децентрализација – секоја институција потпишува посебен договор прилагоден на потребите на вработените. Покрај платите, со договорите се регулираат и прашањата за годишни одмори, безбедност при работа и флексибилно работно време, што според него е вистински вин-вин пристап.

    Прочитај повеќе

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.