Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата отвора Центар за сајбер инциденти

    Владата отвора Центар за сајбер инциденти

    03.04.2026 во 08:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ќе ја засили сајбер безбедноста преку формирање нов центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, тој посочи дека за реализација на проектот се обезбедени околу 1,5 милиони евра, дел од нив преку поддршка од Европската Унија.

    – Со заеднички средства од ЕУ и од државниот буџет инвестираме во Владин центар за одговор на сајбер инциденти. Целта е навремено да се следат и адресираат заканите во сајбер просторот – изјави Андоновски.

    Тој објасни дека со воспоставувањето на овој центар институциите ќе добијат поголем капацитет за справување со сè почестите и пософистицирани сајбер напади.

    Министерот се осврна и на состојбите во ИТ секторот, оценувајќи дека глобалните економски промени и развојот на вештачката интелигенција создаваат притисок врз домашниот пазар. Според него, приватниот сектор го намалил темпото на вработување, а платите во дел од индустријата стагнираат или се намалуваат, што доведува до зголемен интерес за вработување во јавната администрација.

    Говорејќи за претстојната втора сесија од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, која ќе се одржи следната недела во Вашингтон, Андоновски нагласи дека станува збор за значаен дипломатски процес.

    – Очекуваме конкретни резултати што ќе придонесат за подобрување на можностите за граѓаните, економијата и институционалната соработка, особено во областите на дигитализацијата и сајбер безбедноста – рече тој.

    Андоновски предупреди дека сајбер нападите сè почесто се користат како средство за асиметрични закани, насочени кон критичната инфраструктура, вклучително и здравството, образованието и другите витални сектори.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.