Вчера во 19:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Д.(31) од тетовско.
-Полициските службеници постапиле по претходна пријава од неговата невенчана 36-годишна сопруга од Тетово, дека ѝ се заканувал и од неа барал да му купи стан и кола, во спротивно ќе ја убие, информираат од СВР Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

