Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Не ги прифаќам нападите дека законот за високо образование има престроги критериуми

    Мицкоски: Не ги прифаќам нападите дека законот за високо образование има престроги критериуми

    02.04.2026 во 09:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека не ги прифаќа нападите дека Законот за високо образование има престроги критериуми, нагласувајќи дека нема ниту еден универзитет во државата рангиран меѓу првите 2500 најдобри на Шангајската листа.

    Во гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на МРТ тој рече дека бил разочаран од ставот на универзитетски професор кој го критикувал предложениот закон.

    -Искрен да бидам, се разочарав, да не речам се шокирав. Во еден момент тезата беше дека критериумите се премногу строги за избор во звање. Зошто биле строги? Законот предвидува моите колеги да пишуваат научни трудови во реномирани списанија коишто се дел од Web of Science (Thomson Reuters) базата, и тоа четири трудови во рок од пет години за да бидат избрани за редовен професор, а државата тоа да им го надомести. Тоа е висок критериум, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека сегашната состојба резултира со тоа што ниеден универзитет во земјата не е меѓу 2500-те најдобри на Шангајската листа, вклучително и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

    -Порано можев да кажам дека професорите се демотивирани поради ниски плати, но денес редовните професори имаат 110.000 до 120.000 денари плата и просек од 4 до 8 часа неделно предавања, додаде Мицкоски.

    Тој посочи дека е погрешно само да се критикуваат критериумите како високи, без да се понудат легитимни аргументи, затоа што тоа влијае на квалитетот на кадрите што ги произведува образовниот систем и нивната подготвеност за предизвиците во професијата.

    • Можам да погрешам, но не можам да прифатам дека ќе седи некој и ќе гледа како тонеме без да бара решение. Ако не работиме со вакви профили, се плашам дека образованието нема да произведе доволно квалитетен кадар кој веднаш ќе може да се соочи со предизвиците, заклучи Мицкоски.

    Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.