Припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр) денес во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец ќе го одбележат Денот на единицата.
Првата пешадиска бригада го одбележува својот ден на 2 април – датум што го симболизира нејзиното трансформирање и преземање на задачите и одговорностите од двете поранешни бригади, со што прерасна во најголема борбена единица во Армијата.
На одбележувањето се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали од Армијата, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, како и команданти на потчинетите команди и единици, заедно со други гости.

