Close Menu
Press24
    Најново

    Се врати студот во Македонија: УХМР најавува многу дожд и снег

    01.04.2026 во 09:39

    Дали нè очекува нов ценовен шок на бензинските пумпи – нафтата расте на берзите

    01.04.2026 во 09:34

    Уценуван газда од Куманово – „Врати ме на работа или дај 5.000 евра, ако не сите ќе ги видат фотографиите”

    01.04.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се врати студот во Македонија: УХМР најавува многу дожд и снег
    • Дали нè очекува нов ценовен шок на бензинските пумпи – нафтата расте на берзите
    • Уценуван газда од Куманово – „Врати ме на работа или дај 5.000 евра, ако не сите ќе ги видат фотографиите”
    • Секој живот е важен – Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците-одговорност на сите нас”
    • Блискиот Исток изгуби над 50 милијарди долари за само еден месец – нафтата и гасот во слободен пад
    • ВМРО-ДПМНЕ: Македонија веќе нема опозиција поради Филипче
    • Муцунски во Париз – Средби со високи претставници на Француската Република
    • Дневен хороскоп: Кој ќе стави крај на минатото, а кој ќе добие неочекуван повик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се врати студот во Македонија: УХМР најавува многу дожд и снег

    Се врати студот во Македонија: УХМР најавува многу дожд и снег

    01.04.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде што се измерени -3 степени и снежна покривка од 57 сантиметри, а температура под нулата е забележана и во Маврови Анови (-1 степен).

    Нула степени се регистрирани во Лазарополе и Крушево, 1 степен во Ѓуриште, Пожаране, Радовиш и Пожар, 2 степени во Берово и Тополчани, 3 степени во Претор, 4 во Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Виница, Тетово, Струмица и Куманово, 6 степени во Скопје – Зајчев Рид, Велес, Демир Капија и Кавадарци, и 8 степени во Гевгелија.

    Според податоците на УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Маврови Анови (7 литри на квадратен метар), 6 литри во Битола, 5 литри во Охрид, 3 литри во Претор, Попова Шапка и Берово, 2 литра во Лазарополе, Виница и Тополчани, додека по 1 литар на квадратен метар е измерен во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Крушево, Пожаране, Велес, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Штип.

    Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има врнежи кои на некои места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на ладна воздушна маса, врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој на поединечни места ќе достигнува и над 70 километри на час. Максималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени.

    Во Скопје се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд и засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

    Top News
    Популарно

    Се врати студот во Македонија: УХМР најавува многу дожд и снег

    01.04.2026 во 09:39

    Дали нè очекува нов ценовен шок на бензинските пумпи – нафтата расте на берзите

    01.04.2026 во 09:34

    Уценуван газда од Куманово – „Врати ме на работа или дај 5.000 евра, ако не сите ќе ги видат фотографиите”

    01.04.2026 во 09:32

    Секој живот е важен – Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците-одговорност на сите нас”

    01.04.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.