Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево, како и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка – село Лисец.
На некои патни правци, особено низ усеци и клисури, е можно појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

