Close Menu
Press24
    Најново

    Почнува летното сметање на времето

    28.03.2026 во 13:53

    Премиерот: Во понеделник очекувам поевтинување на бензините

    28.03.2026 во 13:18

    Нов напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

    28.03.2026 во 13:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почнува летното сметање на времето
    • Премиерот: Во понеделник очекувам поевтинување на бензините
    • Нов напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран
    • Димитријевиќ: Савески почна со скандал, предложи обвинителка од „тевтерчето“ на Сашо Мијалков од бомбите
    • Мицкоски: Бројките од анкетите не мотивираат дополнително да работиме
    • Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на европска иднина заснована на кредибилитет реформи и резултати
    • Браун: Во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас
    • СДСМ: Кога пиперката се покачи на 300 денари – на Мицкоски му се покачи рејтингот за 25%
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почнува летното сметање на времето

    Почнува летното сметање на времето

    28.03.2026 во 13:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

     Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03:00 часот. 

    Тоа значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.

    Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

    Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ

    Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и во согласност со европски директиви.

    Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

    Популарно

    Почнува летното сметање на времето

    28.03.2026 во 13:53

    Премиерот: Во понеделник очекувам поевтинување на бензините

    28.03.2026 во 13:18

    Нов напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

    28.03.2026 во 13:04

    Димитријевиќ: Савески почна со скандал, предложи обвинителка од „тевтерчето“ на Сашо Мијалков од бомбите

    28.03.2026 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.