Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Скопје е домаќин на европската политичка елита, УМС доби огромно признание од ЕПП

    27.03.2026 во 11:38

    Сали на отворањето на Балканската школа за педијатрија: Педијатрите имаат незаменлива улога во општеството

    27.03.2026 во 11:25

    СДСМ: ЗНАМ се распаѓа

    27.03.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Скопје е домаќин на европската политичка елита, УМС доби огромно признание од ЕПП
    • Сали на отворањето на Балканската школа за педијатрија: Педијатрите имаат незаменлива улога во општеството
    • СДСМ: ЗНАМ се распаѓа
    • Снегот го отсече патот кон Галичник
    • Цената на нафтата расте – највисока од понеделник
    • Викендов почнува летното сметање на времето
    • Хаос на Балканот: Снежно невреме и силни ветрови ги парализираа Хрватска, БиХ и Црна Гора
    • Филипче: Шест години НАТО – Со државничките политики на СДСМ ја обезбедивме безбедноста на Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Скопје е домаќин на европската политичка елита, УМС доби огромно признание од ЕПП

    Николоски: Скопје е домаќин на европската политичка елита, УМС доби огромно признание од ЕПП

    27.03.2026 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер, даде изјава за медиуми членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер, Александар Николоски, кој изрази задоволство што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на ваков настан од големи размери и потенцираше дека на овој начин ќе се усвојат нови политики во делот на младинското и студентско организирање.

    „Драго ми е што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемиот настан којшто во текот на годината го организираат европските демократски студенти, студентската организација на Европската народна партија, најголемата партија во Европа и со тоа најголемата студентска организација во Европа. Ова е организација од којашто излегле голем број на европски политичари, јас се  сеќавам во времето кога јас бев претседател на УМС, во периодот помеѓу 2004-2008 година, дел од тие луѓе со кои тогаш комунициравме, држевме, се гледавме, сега се во врвот на европската политика. Така што сум убеден дека и оваа генерација којшто овие денови е во Скопје е следната генерација на европскиот континент, секако предизвиците сега се различни, пред се во делот на мирот и стабилноста од една страна во Европа и во светот, а од друга страна технолошкиот напредок којшто треба да го следиме и сум убеден дека овие три дена во Скопје ќе бидат доста интензивни, со цел да можат да се усвојат нови политики кои ќе ги применува Европската народна партија во делот на младинското и студентското организирање“, вели Николоски.

    Николоски во своето обраќање се заблагодари на фондацијата Конрад Аденауер за континуираната поддршка и истакна дека да се биде домаќин на најголемиот настан кој го прави студентската организација на ЕПП претставува огромно признание за ВМРО-ДПМНЕ и државата.

    „Би сакал да се заблагодарам на фондацијата Конрад Аденауер од Германија за континуираната поддршка, и за поддршката и на овој настан, да честитам на Сергеј Попов и на Унијата на млади сили затоа што да се добие најголемиот настан кој што Европската народна партија во делот на студентско организирање го прави во текот на годината е огромно признание и за Македонија и за УМС и за ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Николоски.

    Популарно

    Николоски: Скопје е домаќин на европската политичка елита, УМС доби огромно признание од ЕПП

    27.03.2026 во 11:38

    Сали на отворањето на Балканската школа за педијатрија: Педијатрите имаат незаменлива улога во општеството

    27.03.2026 во 11:25

    СДСМ: ЗНАМ се распаѓа

    27.03.2026 во 11:05

    Снегот го отсече патот кон Галичник

    27.03.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.