Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Нема да дозволам делби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалната ВМРО

    Филипче: Нема да дозволам делби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалната ВМРО

    25.03.2026 во 20:00Updated:25.03.2026 во 20:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема да дозволам поделби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

    Филипче посочи дека во период кога СДСМ ги разоткрива криминалните дејствија на ВМРО, нема да дозволи создавање структури кои ќе работат во интерес на власта.

    „Сакам јасно да кажам, нема да дозволам втор ЗНАМ. Јас нема да дозволам повторно отцепување во период кога излегуваме со силна критика на власта, аргументираме и разоткриваме нивни криминални дејства, разоткриваме причини за запирање на евроинтегративниот пат“, рече Филипче.

    Во интервјуто, Филипче порача дека актуелните иницијативи кои излегуваат во јавноста засега немаат сериозна основа и не нудат конкретни аргументи.

    „Тие иницијативи засега се кафански муабети, тие иницијативи засега се сведуваат на некакви непотпишани писма до медиумите во коишто никој не кажува кои се проблемите, кои се причините, затоа што мене ме повикуваат да бидам сменет и ме повикуваат на одговорност. Јас сум спремен да дебатирам на секоја тема, меѓутоа оваа партија и во минатото видела поделби. Еве видовме како се отцепи една група и отиде во движење ЗНАМ, којшто најавуваа дека ќе бидат коректор на власта, најавуваа дека некако поинаку ќе се однесуваат од СДСМ и што се случи – едно мало движење, подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. И само неколку луѓе имаат финансиски ќар од таа приказна“, нагласи Филипче

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.