Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голем пожар во индустриската зона кај Риека: Издадени итни предупредувања за граѓаните
    • Скандал со вештачка интелигенција: Агент на OpenAI хакираше австралиски државен портал
    • Дневен хороскоп: Рибите добиваат убави вести, Лавот влегува во важен период
    • Димитриеска-Кочоска: Растот е 4,3 отсто, дефицитот останува во предвидените рамки
    • Германија предупредува во ОН: Руските хибридни напади во Европа достигнаа ново ниво
    • ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Бараш судска заштита, а не се појавуваш на рочишта
    • СДСМ: Економските резултати на Мицкоски се катастрофално лоши
    • Историска средба во Белата куќа: Си Џинпинг и Доналд Трамp пред клучни трговски одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 

    Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 

    25.03.2026 во 08:131 Min Read
    Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб.

    За време на престојот, таа ќе се сретне со деканот, проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето ќе биде на хрватски јазик и ќе вклучи интеракција со студентите преку прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука, проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.

    Вчера, во Загреб, претседателката беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се сретна и со премиерот Андреј Пленковиќ.

    Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на Блаже Конески во паркот Бундек. Таа истакна дека ѝ претставува чест што оддала почит на истакнатиот македонски филолог, поет и прв претседател на МАНУ, нагласувајќи ја неговата трајна и универзална вредност.

    Официјалната посета започна со посета на македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб, каде што претседателката се сретна со претставници на македонската заедница во Хрватска.

    Влада
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Бараш судска заштита, а не се појавуваш на рочишта

    24.09.2026 во 09:23

    СДСМ: Економските резултати на Мицкоски се катастрофално лоши

    24.09.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.