Close Menu
Press24
    Најново

    Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница

    08.07.2026 во 13:18

    МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

    08.07.2026 во 12:56

    Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    08.07.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Словенечка поддршка за македонските земјоделци

    Словенечка поддршка за македонските земјоделци

    24.03.2026 во 10:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“, кој започна во јануари 2026 година и ќе трае до септември 2028 година, предвидува поддршка за најмалку 50 земјоделци и нивните семејства, обука за 40 земјоделци за климатски паметни практики, формирање на четири демонстративни парцели за тестирање и прикажување практики за ефикасно користење вода, подобрување на почвата и климатски отпорно земјоделство, микро-грантови за 12 земјоделски иницијативи, финансиска поддршка за почнување на четири бизниси управувани од жени и формирање земјоделска задруга со најмалку 40% жени.

    Активностите се реализираат во три речни сливови: Вардар, Струмица и Црн Дрим, во општините Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Струга, Вевчани и Дебар.

    Целта на проектот е да ја поддржи земјоделската заедница во справувањето со последиците од климатските промени преку современи и одржливи практики.

    Проектот е финансиран преку програмата за меѓународна развојна соработка на Република Словенија, со дополнително кофинансирање од локалниот партнер и други придонеси од вклучените организации. Го води Форумот за праведен развој (FER) од Словенија, а во Македонија го спроведува Милиеуконтакт Македонија (MKM).

    Иницијативата доаѓа во време кога земјоделството се соочува со зголемени суши, нерамномерна распределба на водните ресурси и ограничен пристап до современи технологии, особено за жените и младите во руралните средини. Проектот обезбедува директна поддршка преку обуки, менторство и финансиска помош за зголемување на продуктивноста и отпорноста на фармите, како и активности за унапредување на родовата еднаквост и економско зајакнување на жените.

    „AgriSHIFT“ има за цел да поттикне премин кон одржливо и климатски отпорно земјоделство преку подобро управување со природните ресурси, трансфер на знаење и развој на нови економски можности за руралното население, велат од MKM.

    Прочитај повеќе

    ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

    08.07.2026 во 10:42

    Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај

    08.07.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.