Close Menu
Press24
    Најново

    Затворени училиштата и парковите: Забележана отровна кобра – Драма во Франција

    14.05.2026 во 10:58

    Шокантни детали: Серискиот убиец од Старо Нагоричане се сомничи за уште четири кривични дела

    14.05.2026 во 10:50

    Една македонска општина ќе додели по 9.000 денари за секој средношколец кој ќе се запише во прва година

    14.05.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затворени училиштата и парковите: Забележана отровна кобра – Драма во Франција
    • Шокантни детали: Серискиот убиец од Старо Нагоричане се сомничи за уште четири кривични дела
    • Една македонска општина ќе додели по 9.000 денари за секој средношколец кој ќе се запише во прва година
    • За вакцина против хантавирус ќе бидат потребни години: Епидемиолозите предупредуваат на претпазливост при патувања
    • МВР со детали за убиството во Битола: Со нож ја нападнал сопругата, по што починала на лице место
    • Позната здравствената состојба на избодениот ученик во училиштето во Ченто
    • Убиство ја потресе Македонија: Битолчанец си ја убил 31-годишната сопруга
    • Депонијата „Краста“ повторно гори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски и Рокас на тркалезна маса „Воведување на уставна жалба“

    Мицкоски и Рокас на тркалезна маса „Воведување на уставна жалба“

    24.03.2026 во 08:082 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот суд, е целта на денешната тркалезна маса насловена „Воведување на уставна жалба?“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Уставниот суд на Република Северна Македонија.

    Како што информираат организаторите, тркалезната маса ќе обезбеди платформа на високо ниво за размена на мислења меѓу претставници на институции, експерти и други засегнати страни во правниот сектор.

    На тркалезната маса се предвидени воведни излагања од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски, премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Михалис Рокас и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал.

    Предвидено е да се одржи и прес-конференција на претседателите на Уставниот суд и на Владата, како и презентација на наодите од „Анализата за уставната жалба“, подготвена од експертски тим ангажиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија. Во таа насока ќе се обрати раководителот на тимот, Карстен Манке, заедно со правен експерт.

    Дополнително, предвидени се излагања и стручни согледувања на темата од претставници на академската и научната правна јавност, меѓу кои професорите Тања Каракамишева-Јовановска и Јетон Шасивари.

    На настанот, експертите од проектот ќе ги презентираат клучните наоди и препораки, кои отвораат простор за детална дискусија околу можноста за проширување на опфатот на правата што се штитат пред Уставниот суд, главните карактеристики на потенцијалните модели за реформи, европските искуства и нивната применливост во домашната правна рамка.

    Анализата е целосно усогласена со приоритетите утврдени во Стратегијата за развој на правосудниот сектор 2024–2028, за што организаторите нагласуваат дека претставува важен чекор кон унапредување на владеењето на правото и зајакнување на заштитата на човековите права во земјата.

    Настанот се организирана во рамки на проектот со финансиска поддршка на ЕУ: „Зајакнати капацитети на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на донесените нормативни акти и заштита на основните права“.

    Прочитај повеќе

    Шокантни детали: Серискиот убиец од Старо Нагоричане се сомничи за уште четири кривични дела

    14.05.2026 во 10:50

    МВР со детали за убиството во Битола: Со нож ја нападнал сопругата, по што починала на лице место

    14.05.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.