Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Секое дете има еднаква шанса – Ѓорче Петров обезбеди нови услови за инклузивно образование во „д-р Златан Сремец“

    Секое дете има еднаква шанса – Ѓорче Петров обезбеди нови услови за инклузивно образование во „д-р Златан Сремец“

    23.03.2026 во 11:141 Min Read
    Општина Ѓорче Петров
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализирање на наставата во Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кој функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, соопштуваат од локалната самоуправа.

    Според Општината, ова е една од првите вакви практики на локално ниво во Република Северна Македонија, со која се подобруваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост.

    Градоначалникот Александар Стојкоски нагласил дека иницијативата покажува дека инклузијата не треба да остане само декларативна, туку да се преточи во конкретни услови и поддршка на терен.

    „Создаваме средина во која секое дете има еднаква шанса за развој и пристап до образование, без разлика на предизвиците со кои се соочува“, посочил Стојкоски.

    Соработката меѓу Општината и ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ е формализирана со меморандум потпишан во 2024 година, со кој се воспоставува континуирано партнерство за обезбедување стручна и институционална поддршка.

    Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активности за унапредување на инклузивните политики и создавање услови за квалитетно образование за сите ученици.

    Прочитај повеќе

    73 лица го користат бесплатниот „Сервис за стари лица“ во Центар

    07.07.2026 во 09:50

    Нови лулашки, обновени клупи, побезбеден простор: Реновирани две детски игралишта во Карпош

    07.07.2026 во 09:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.