Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: На протестот на ССМ имаше само партиски челници на СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: На протестот на ССМ имаше само партиски челници на СДС

    19.03.2026 во 09:28Updated:19.03.2026 во 09:342 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Манипулациите со работниците не поминуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ССМ и СДС веќе тешко ја одржуваат и онаа мала поддршка што ја имаа од граѓаните.

    Според соопштението, ова најдобро се покажа на протестот од изминатиот викенд, каде што, наместо присуство на вистински работници, во првите редови беа партиски челници на СДС облечени во маици со партиското лого. Тоа, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ја потврдува слабата реална поддршка и губењето на довербата во овие организации.

    Целата организација и логистика на таканаречениот синдикален протест беше во рацете на лица од општинските организации на СДС. Но, на крајот, и ССМ и СДС доживеаја фијаско и автобусите до Скопје патуваа празни.

    Тоа е јасен доказ дека СДС и ССМ се прочитани и дека дури ни нивните членови не им веруваат. Исто така, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на ССМ во координација со СДС.

    Ова ССМ на чело со Слободан Трендафилов свесно се стави во служба за заштита на интересите на СДС, а не во заштита на правата на работниците.

    Неколкутемината во врвот на ССМ со трендафилов на чело, работат директно во интерес на СДС и нивните политики, а нивната крајна цел е да им наштетат на Владата, која посветено работи и дава максимални напори за да овозможи подобри услови и повисоки плати за сите.

    Меѓу ССМ и СДС нема разлика и затоа, се повеќе вистинските работници кои се членови на синдикатот, се прашуваат дали се дел од синдикално здружување или пак од политичката партија.

    Но тоа што многу добро работниците го знаат е дека и СДС и ССМ не работат во нивен интерес и не ги штитат нивните права.

    Вистинскиот партнер на работникот и на сите граѓани, останува ВМРО-ДПМНЕ, што со конкретни мерки и политики го подобрува животниот стандард, во континуитет ги зголемува платите и ја зацврстува економијата.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.