Close Menu
Press24
    Најново

    Проверете ги сметките: Започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за јули

    06.08.2026 во 11:47

    Мицкоски: Источниот дел од Коридорот 8 конечно ќе биде завршен, проектот доби јасна целина

    06.08.2026 во 11:40

    Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува, официјалните анализи дури на 20 август

    06.08.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проверете ги сметките: Започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за јули
    • Мицкоски: Источниот дел од Коридорот 8 конечно ќе биде завршен, проектот доби јасна целина
    • Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува, официјалните анализи дури на 20 август
    • Преку 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите, најавено и невреме
    • Веселба се претворила во инцидент во Македонија: Пукал со пиштол, куршумите завршиле на куќа
    • Познати резултатите од матурата: Просек 3,66, најуспешни стручните матуранти
    • Штерјова: Насилниците што ги нападнаа младите во Ново Село мора веднаш да бидат приведени
    • Мајка со бабата ги убила своите четири деца – познат мотивот за трагедијата во Њујорк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АХВ ги тресе домовите за стари лица: Уништена небезбедна храна, казни и забрани за работа

    АХВ ги тресе домовите за стари лица: Уништена небезбедна храна, казни и забрани за работа

    18.03.2026 во 10:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица низ земјава. Контролите покажаа дека само еден дом не бил регистриран како оператор со храна во АХВ, за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и налог за регистрација.

    Од АХВ посочуваат дека еден оператор не ги задоволувал хигиенските стандарди за безбедност на храната, а четири домови немале спроведено задолжителен здравствен преглед за вработените.

    • „За утврдените недоследности, кои вклучуваат нередовно водење записи за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, недоставување сертификати за обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки, задоцнување со задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други помали недоследности, издадени се три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени“, наведуваат од АХВ.

    За поголеми прекршоци, изречени се глоби во вкупна вредност од 1.550 евра за четири оператори, а од еден контролен оператор беа нештетно уништени шест килограми небезбедна храна.

    Од АХВ нагласуваат дека состојбата е значително подобрена во однос на претходните контроли од ноември 2024 година, кога:

    • 14 оператори не беа регистрирани како оператори со храна;
    • беа нештетно уништени 40 килограми небезбедна храна;
    • издадени беа 16 решенија со наредби за отстранување на недоследностите;
    • и парични казни беа изречени на 18 домови за стари лица.
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Источниот дел од Коридорот 8 конечно ќе биде завршен, проектот доби јасна целина

    06.08.2026 во 11:40

    Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува, официјалните анализи дури на 20 август

    06.08.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.