Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: ФЗО работи на техничко решение за исплатата на породилните боледувања

    15.05.2026 во 16:51

    Историски рекорд: Концертот на Дејвид Гета официјално распродаден – продадени 50.000 влезници за помалку од 12 часа

    15.05.2026 во 16:32

    Филков: Измените на Законот за судовите ќе донесат реален напредок, а не само формални реформи

    15.05.2026 во 16:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: ФЗО работи на техничко решение за исплатата на породилните боледувања
    • Историски рекорд: Концертот на Дејвид Гета официјално распродаден – продадени 50.000 влезници за помалку од 12 часа
    • Филков: Измените на Законот за судовите ќе донесат реален напредок, а не само формални реформи
    • Драма на небото: Авион од Хургада итно слетува во Белград, екипажот пријавил чад во кабината
    • Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија
    • Филмско апсење во Центар: Уценувал 61-годишен скопјанец за 8.000 евра, па паднал во стапица
    • Тошковски за двајцата Македонци кои ги бара ФБИ: МВР ќе постапи во согласност со своите надлежности
    • Син тепал мајка, партнери се пресметувале со тврди предмети, брат се заканувал на сестра: Осум случаи на семејно насилство за едно деноноќие
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Генералното собрание на НФФ – Можност за развој на мали земјоделци и производители

    Генералното собрание на НФФ – Можност за развој на мали земјоделци и производители

    18.03.2026 во 08:432 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Националната федерација на фармери (НФФ) денеска го одржува Генералното собрание, на кое ќе учествуваат претставници од земјоделскиот сектор, институции, меѓународни партнери и граѓански организации. Целта е да се разгледаат актуелните предизвици и можности за развој на малите земјоделци и производители од руралните средини.

    Како што соопштија организаторите, на настанот се предвидени обраќања на Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стеванче Јорданоски, претседател на НФФ, Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Северна Македонија, и Сашо Ангеловски, национален менаџер на We Effect Европа.

    Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Успешни приказни и пазарни можности за малите земјоделци“, на која ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области“, поддржан од Шведска и We Effect.

    Панелот ќе понуди конкретни примери за успешни земјоделски иницијативи и модели на развој. Пере и Рахела Транталовски од „Трантал Фарм“/„Преспино“ ќе ја споделат приказната за развојот на нивното производство, од локална иницијатива до препознатлив бренд на свежо цеден сок од јаболко. Ванчо Кироски од невладината организација „Меден Исток“ ќе зборува за школата за пчелари и можностите за вклучување на малите оператори во саемски манифестации.

    Претседателот на НФФ ќе го претстави и моделот на договорно производство како ефикасен механизам за обезбедување сигурен пласман и стабилни приходи за земјоделците, со конкретен пример од производството и пласманот на пченица.

    Прочитај повеќе

    Дурмиши за новите мерки: Директно им помагаме на домашните компании да инвестираат во нова опрема и модернизација

    15.05.2026 во 12:25

    Младите во Гази Баба добија решенија за субвенции од 10.000 денари за возачки испит

    15.05.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.