Close Menu
Press24
    Најново

    Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска

    06.08.2026 во 22:07

    ЕУ за состојбата во Шпанија: Нема нови извештаи за мигранти кои ја напуштиле Сеута кон континентот

    06.08.2026 во 21:46

    Володимир Зеленски во сабота во официјална посета на Белград

    06.08.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска
    • ЕУ за состојбата во Шпанија: Нема нови извештаи за мигранти кои ја напуштиле Сеута кон континентот
    • Володимир Зеленски во сабота во официјална посета на Белград
    • Унгарскиот парламент во вторник го избира шефот на државата
    • Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници
    • Петрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат
    • Жерновски: Владата тајно го прифаќа францускиот предлог што во опозиција  го напаѓаше
    • МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Директна комуникација со земјоделците: Стартува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

    Директна комуникација со земјоделците: Стартува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

    18.03.2026 во 08:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство, стартува денеска со првата трибина во Домот на културата во општина Босилово, со почеток во 18 часот.

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека директната комуникација со земјоделците е од голема важност.
    „Ресорот земјоделство мора да одржува постојан и отворен дијалог со земјоделците. Тоа значи разговор за актуелните состојби и реалните предизвици со кои тие се соочуваат“, изјави министерот во телевизиско интервју.

    Во рамки на кампањата се формирани два големи тима кои ќе посетат над 30 општини, како и шест помали тимови кои ќе опфатат повеќе од 120 населени места. Средбите ќе се одржуваат секој петок, среда и сабота, во зависност од типот на тимовите.

    На прес-конференција, министерот најави дека во помалите тимови ќе учествуваат директорите на клучните институции: Даниела Иротова од Платежната агенција, Филип Филиповски од АД Водостопанство, Васе Анакиев од Државниот инспекторат за земјоделство, Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство и Здравко Трајанов од ЈП Национални шуми. Еден од тимовите ќе го предводи министерот, а во активностите ќе се вклучат и останатите директори и локалните структури на Министерството.

    Целта на кампањата е да се слушнат предизвиците и идеите на земјоделците. На средбите ќе се разговара за тековните проблеми, предлозите за унапредување на производството, како и за спроведените мерки и политики во изминатите две години. Министерот нагласи дека земјоделците се не само производители, туку двигатели на руралниот развој, чувари на традицијата и клучен фактор за стабилност на домашниот пазар.

    Министерот ги повика земјоделците активно да се вклучат во кампањата, истакнувајќи дека најдоброто од Македонија доаѓа од македонските ниви и од вредните раце на нашите чесни и работливи земјоделци.

    Прочитај повеќе

    Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска

    06.08.2026 во 22:07

    Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

    06.08.2026 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.