Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доктор Чибишев за трагедијата во Пулс: Најтежок период од мојата кариера, никогаш да не се повтори

    Доктор Чибишев за трагедијата во Пулс: Најтежок период од мојата кариера, никогаш да не се повтори

    16.03.2026 во 11:031 Min Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа многу млади животи, а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера, објави на својот фејсбук-профил проф. д-р Андон Чибишев.

    На Универзитетската клиника за токсикологија, посочува докторот, беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти поради акутно труење со отровни гасови, а во периодот што следуваше поминаа и голем број пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката.

    Тој наведува дека со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клиниката успеа да ги стабилизира овие млади пациенти и тие сите денес се со своите семејства.

    „Упатувам искрена благодарност до целокупниот персонал на Универзитетската клиника за токсикологија и сите сродни клиники и институции, кои во тој тежок период ни даваа логистика и несебична помош во справување со оваа трагична ситуација. Бог да ги прости сите што ги изгубија животите. Господ да им даде сила на сите што изгубија блиски во несреќата да продолжат понатаму. Никогаш повеќе да не се повтори“, наведува Чибишев.

    Прочитај повеќе

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.