16 дена нема одговори од Мицкоски за тоа кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во соседна Србија. Нема одговори за Адамовиќ затоа што има бизниси со струја, омилениот бизнис на Мицкоски, се вели во сооштението од СДСМ.
Адамовиќ е дикретор на фирмите WBA TEAM ENERGY и WBA ENERGY ДОО, чиј сопственик е офшор компанијата EVELIXON TRADING LIMITED од Кипар, поврзана со енергетика и бизнис со струја.
Наскоро ќе биде познато до каде води овој сегмент од мрежата за бисниси со струја и каква е поврзаноста со Мицкоски, со министри во Владата и ВМРО.
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува да ја открива бизнис-мрежата поврзана со Христијан Мицкоски.
Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите е назначена за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор.
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.
Сè ќе биде објавено.

