Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home

    Денес ќе биде прогласен „Роман на годината“ – кој ќе ја понесе престижната награда?

    13.03.2026 во 08:21Updated:13.03.2026 во 08:231 Min Read
    Роман на годината
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фондација Славко Јаневски денеска во 13 часот ќе го соопшти романот што ќе ја понесе титулата „Роман на годината“.

    На прес-конференција во просториите на Друштво на писателите на Македонија ќе биде објавено името на авторот и на добитничкиот роман.

    Наградата „Роман на годината“, која годинава се доделува по 27-ми пат, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а поддршка има и од Министерство за култура и туризам на Северна Македонија.

    На конкурсот годинава пристигнаа 46 романи. Жири-комисијата во состав: Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева, по неколку селекции ги издвои шесте романи во најтесниот избор.

    Во финалниот круг се најдоа:

    • „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски
    • „Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски
    • „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска
    • „Фобос: деконструиран роман“ од Соња Станковска
    • „Три Марии: (роман – басма)“ од Оливера Ќорвезироска
    • „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ

    Минатогодишен лауреат беше романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, објавен од издавачката куќа Или-или.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.