Вчера околу 21:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, а управувано од И.М.(34) од Скопје.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца негови сопатници од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, по што кај возачот А.Н. се измерени О,91 промили алкохол во крвта и по насока од јавен обвинител тој е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
- Хоџа во Виена: Австриските искуства како модел за македонските реформи во животната средина
- Напад во Ормуз: Грчки брод цел на Иранската револуционерна гарда, министерот Герапетритис со итно предупредување
- Средба на министерот Муцунски со министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Бауер
- МВР со важно соопштение до граѓаните: Не ги носете потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ во полициска станица
- ФОТО+ВИДЕО: Тошковски на полициска вежба во Идризово: Се гради професионален кадар подготвен за секој предизвик
- Сообраќајна „чистка“ во Скопје, Куманово, Штип и Струмица: Седнале зад волан без дозвола, па завршија во полициска станица
- Млад скопјанец заврши зад решетки – во себе носел кокаин
- Македонец уапсен на скопскиот аеродром – ќе лежи 8 години затвор

