Вчера околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција.
Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип.
Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. Лицето е задржано во полициски станица и по целосно документирање на случајот против грчкиот државјанин ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 188 став 5 од Kривичниот законик.
- Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
- Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
- Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
- Филипче: Кој е сега предавник?
- Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
- Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
- Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
- Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно

