Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со инвеститори од Турција
    • Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
    • Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
    • Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада
    • Орце Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булевар Борис Трајковски
    • Мицкоски од Виена: Отворен и конструктивен дијалог за унапредување на соработката, посебно во економијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Барале евакуација па не се појавиле на аеродром – Муцунски со апел до македонските граѓани во ризичните подрачја

    Барале евакуација па не се појавиле на аеродром – Муцунски со апел до македонските граѓани во ризичните подрачја

    09.03.2026 во 11:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    151 лице кои од Дубаи вчера вечер слетаа на Скопскиот аеродром, беа пречекани од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

    Се очекува следниот авион да пристигне во вторник. Третиот лет е планиран за средината на неделата, но сѐ уште се чека да се утврди дали ќе има зголемен интерес кај македонските граѓани кои се наоѓаат во ризичните подрачја, а министерот апелира оние кои ќе се премислат за евакуација да јават навреме.

    – Вкупно 14 граѓани кои требале да бидат на денешниот лет од Дубаи за Скопје до последен момент најавувале дека ќе дојдат, но не се појавиле на аеродромот. Ги повикуваме нашите државјани, кога одлучуваат да не ја користат оваа услуга, на евакуирање, да не информираат навреме за тоа. Среќа што бевме подготвени и што се ангажираше нашата Амбасада со листа на чекање, да ги пополниме тие 14 места со граѓани што требаше да бидат на летот во вторник. Замолувам и апелирам на максимална одговорност зашто се трошат буџетски средства. Кога е во прашање безбедноста, нашата цел е секој лет да биде пополнет до последното возможно место.- Во минатото сме имале пракса за репатријација да плаќаат спрема државниот буџет. Граѓаните плаќаат даноци, да знаат дека државата во моментот на криза, кога има вакви ситуации, таа секогаш ќе работи на обезбедување најбезбедни услови за нив. Ние сме една од ретките држави која го прави ова на ваков начин, но сметаме дека системот колку и да има свои предизвици, секогаш, во вакви сложени моменти, мора на граѓанинот да му даде сигурност, да знаете, дека кога сте македонски државјани, институциите стојат позади вас, подвлече министерот.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.