Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Метеор падна во Германија

    09.03.2026 во 18:01

    Стигна потврда од НАТО: Пресретнавме ракета што беше насочена кон Турција

    09.03.2026 во 17:43

    ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме совети од Филипче

    09.03.2026 во 17:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Метеор падна во Германија
    • Стигна потврда од НАТО: Пресретнавме ракета што беше насочена кон Турција
    • ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме совети од Филипче
    • Филипче: Неместо мерки за ценовните шокови Мицкоски со спинови и напади на опозицијата
    • Драма на аеродромот во Истанбул – Познат тренер доживел срцев удар и починал
    • Познат рапер пронајден мртов
    • Филипче: Овој Буџет нема да може да издржи криза
    • Сиљановска-Давкова во Треблинка на комеморација за 7.144 македонски Евреи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Швајцарците денеска гласаат на референдум за четири клучни прашања

    Швајцарците денеска гласаат на референдум за четири клучни прашања

    08.03.2026 во 14:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Граѓаните на Швајцарија денеска се изјаснуваат на референдум за четири клучни прашања – предлогот на Парламентот за посебно оданочување на брачните двојки, намалување на надоместокот за јавниот сервис, предлогот за уставно гарантирање на достапноста на готовината, како и за иницијативата за формирање нов климатски фонд.

    Индивидуално оданочување на сопружниците

    Кога станува збор за воведување индивидуално оданочување за брачните парови, последната анкета спроведена во февруари покажува дека 52 отсто од населението ја поддржува оваа голема промена, додека 44 отсто се против. Ова претставува остар пад на поддршката во споредба со јануари. Според сегашниот систем, сопружниците во Швајцарија се оданочуваат заеднички. Со реформата, тие би се оданочувале исто како и невенчаните парови – секој со посебна даночна пријава и стапка заснована исклучиво на сопствениот приход. Конзервативните партии се противат на ова, сметајќи го за напад врз традиционалниот семеен модел, додека кантоните стравуваат од фискални загуби и зголемена бирократија.

    Намалување на претплатата за јавниот сервис

    Швајцарците денеска гласаат и за иницијативата за намалување на надоместокот за радиодифузната лиценца од 335 на 200 швајцарски франци по домаќинство. Поддржувачите на оваа идеја, предводени од десничарската Швајцарска народна партија, тврдат дека поради растот на трошоците за живот, претплатата мора да се намали. Тие сметаат дека буџет од 850 милиони франци е доволен за основните услуги. Противниците, меѓу кои се Владата и Парламентот, предупредуваат дека тоа ќе го загрози квалитетот и разновидноста на јавните медиуми. Последните анкети велат дека 54 отсто од гласачите се против ваквото кратење.

    „Готовината е слобода“

    Една од иницијативите со најголема поддршка (61 отсто) е „Готовината е слобода“, со која се бара во Уставот да се впише достапноста на банкнотите и монетите. Иако Швајцарците сè поретко користат кеш, тие сакаат тој да остане достапен како опција. Владата претстави контрапредлог кој во принцип се согласува со идејата, но користи поширок термин „готовина“ наместо специфично „монети или банкноти“, следејќи ги правните принципи.

    Климатски фонд – пред неуспех?

    Најмали шанси за поминување има иницијативата за формирање федерален фонд за обновливи извори на енергија и заштита на биодиверзитетот. Дури 65 отсто од гласачите се изјасниле против овој предлог на Социјалдемократите и Зелените, со кој се бараше инвестирање на 0,5 до 1 отсто од БДП во еколошка трансформација. Владата го отфрла предлогот како прескап и неефикасен.

    Гласачките места се отворени во текот на целиот ден, а првични резултати се очекуваат во попладневните часови.

    Популарно

    Трагедија за Осми Март, мајка и ќерка заедно заминаа во смрт – Марина и Валентина загинаа во страшна сообраќајка во Србија

    09.03.2026 во 09:07

    Нафтен шок: Драстично поскапе нафтата

    09.03.2026 во 09:12

    Дневен хороскоп: Време е за „план Б“ – стара идеја денес станува моќна реалност

    09.03.2026 во 09:00

    Наточете со време: Дизелот поскапува за 14,5 денари, голем скок и кај бензинот

    09.03.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.